top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Три концерти на гудачкиот квартет “Сетема“ во Градскиот парк

Младинскиот гудачки квартет “Сетема“ ќе одржат три концерти на Школка во Градскиот парк во Скопје во петок (2 јули). Концертите се со почеток од 18:30, 20:30 и од 22:30 часот. Концертите се со наслов “Танго во 4“ и младите музичари ќе ги изведат најпопуларните композиции од жанрот на танго музиката како Libertango, PorunaCabesa , LaCumpasita. Концертот е во знакот на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на најпознатиот композитор на новото танго Астор Пјацола.

Во гудачкиот квартет “Сетема“ учествуваат Сања Здјелар-виолина, Емилија Грковска-виолина, Теохар Хаџи-Стојанов-виола и ЈованаКаџибадева-виолончело. Ментор на квартетот е виолинистката Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет “Сетема“ е формиран во 2020 година и досега има реализирано проект Бах во метро – проект по повод одбележувањето на роденденот на Ј.С.Бах. Со оглед дека беше реализиран во пандемијата концертот беше стримуван онлајн и сниман во една од скопските гаражи.

Концертот “Танго во 4“ беше подготвуван во Дојран и беше претставен пред дојранската публика на 30 јуни.

Проектот се реализира со помош на Град Скопје.


1 view

Comments


bottom of page