Search
Три жени преземаат улога на водителки на „Оскарите“
- Aleksandar Santovski
- Feb 16, 2022
- 1 min read
Домаќини на годинешните „Оскари“ ќе бидат американските актерки и комичарки Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, објави во вторникот Академијата. Ова трио ќе го води 94. доделување на „Оскарите“ во холивудскиот театар „Долби“ на 27 март. Во последните три години церемонијата немаше официјален домаќин. „Сакаме луѓето да се подготват за добра забава. Помина доста време“, велат Хол, Шумер и Сајкс во изјавата објавена на веб-страницата на „Оскарите“.


Commentaires