top of page
Search

Три дерби-средби веќе во првото коло на ЛШ

Updated: Aug 31, 2021

30.08.2021 Avgust Ponedelnik

ФУДБАЛ

Челси ја почнува одбраната на европската фудбалска титула на 15 септември, со мечот дома со Зенит, во 1. коло во групата Х, во новата сезона во Лигата на шампионите. Дерби-средби на првото коло се дуелите Ливерпул – Милан во групата Б, Интер – Реал Мадрид во групата Д и Барселона – Баерн во групата Е (шесте клуба заедно имаат вкупно 40 европски титули). Во групите Б и Е се наоѓаат по три поранешни европски прваци, и тоа Порто, Ливерпул и Милан во групата Б, а Барселона, Баерн и Бенфика во групата Е.

ЛШ, ДВОЈКИ, 1. КОЛО Група А: Манчестер с. – Лајпциг, Бриж – ПСЖ Група Б: Атлетико М. – Порто, Ливерпул – Милан Група Ц: Бешикташ – Борусија Д., Спортинг – Ајакс Група Д: Шериф – Шахтер, Интер – Реал Мадрид Група Е: Барселона – Баерн, Динамо К. – Бенфика Група Ф: Јанг бојс – Манчестер ј., Вилјареал – Аталанта Група Г: Севилја – Салцбург, Лил – Волфсбург Група Х: Челси – Зенит, Малме – Јувентус Мечевите во групите А, Б, Ц и Д се на 15 септември, а во групите Е, Ф, Г и Х на 14 септември


2 views
bottom of page