Три години од смртта на Мустафа Надаревиќ: Ќерката на ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“ му посвети
Поминаа три години од смртта на босанскиот актер Мустафа Надаревиќ, кој ја освои македонската телевизиска публика со улогата на улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.Неговата ќерка Нана ја одбележа годишнината на својот инстаграм-профил, каде објави стара фотографија од нејзиниот татко и додаде емотикон за срце.Надаревиќ почина на 22 ноември по долго и тешко боледување.
Покрај Нана, актерот зад себе ги остави и постарата ќерка Наѓа и синот Аша. Во една прилика, тој откри како Нана и Аша ги добиле имињата.
„Бидејќи мојата најстара ќерка Наѓа ја викаше мајка ми, а нејзина баба – нана, втората ќерка го доби тоа име. А на син ми малку необичното име Аша му го дадов по еден мој пријател од Нови Град, многу благородно момче. Кога некако дојдов до неговиот телефон и му кажав дека му го дадов тоа име на син ми, тој се насмеа и весело ми одговори дека Пламенко ме поздравува, дека тоа е неговото вистинско име, а Аша му е прекарот“, изјави покојниот Надаревиќ.
コメント