Трејлер за новиот крими трилер „The Guilty“
Netflix објави официјален трејлер за претстојниот криминалистички трилер, американска репродукција по дански рецепт.
Целиот филм се одвива во едно утро во 911 кол-центарот кога диспечерот Џо Бејлер се обидува да спаси јавувач од опасност. Но, не е сѐ така како што изгледа.
Режијата е на Антоан Фукуа, а сценариото на Ник Пицолато. Во главната улога е Џејк Џиленхол како диспечерот, а се појавуваат и Итан Хок, Рајли Киа, Кристина Видал, Ели Гори, Да'Вин Џој Рендолф, Пол Дејно и Питер Сарзгард.
Филмот е всушност римејк на истоимениот дански филм од 2018 година кој стигна до потесниот круг на номинации за најдобар странски филм на Оскарите во 2019.
Фимот ќе ја има премиерата на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто сега на 11 септември, а потоа на 1 октомври ќе биде достапен на Netflix.
Comments