top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Трето реми во низа на Манова

ПОЕДИНЕЧНО ЕП ЗА ШАХИСТКИ

Македонската шахистка Ивана Манова (1.923 рејтинг-поени, рангирана 115-та пред почетокот на турнирот) го забележа третото реми во низа на 23. поединечно Европско првенство (ЕП) во Петровац (Црна Гора), во конкуренција на 136 шахистки од 35 држави. Другите две македонски претставнички, Катерина Петровска (1.907, 117-та) и Моника Жежовска (1.761, 126-та), ги доживеаја третите порази. Манова испушти победа против Украинката Маридза Чирулник (2.121, 88.), Петровска против Португалката, ЖФМ Ана да Силва (1.792, 125-та), загуби во 49-от потег, а Жежовска загуби по 49 потези игра од ФМ од Финска, Јоана Пасикангас (2.115, 90-та). По четири кола, Манова е 103-та со 1,5 поен, Жежовска е 113-та со еден поен, а Петровска е 130-та со половина поен. На врвот со максимални четири поени изби ИМ од Романија, Ирина Булмага (2.438, рангирана седма), а ја следат осум шахистки со по 3,5 поени. Првите деветтопласирани ќе се квалификуваат за настап на Светското првенство годинава. Г.И.


1 view

Comentarios


bottom of page