top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Трето издание на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“ – изложби во Скопје и работилници во Смилево со ментори со светско реноме

25.06.2024 juni Vtornik

Фестивалот „Зрно“ годинава ќе го има своето трето издание.

Во моментот, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во прекрасниот простор на семејството Филевски. Годинава, „Зрно“ има уште побогата и поквалитетна програма.

На 28 јуни во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во 20 часот, ќе се отвори меѓународна изложба на аналогна фотографија. Делата испратени на отворен повик се избрани од деветчлено меѓународно жири и претставуваат своевиден пресек на современите текови во светската фотографија. Ќе бидат претставени над дваесет автори од целиот свет.

На 10 јули, во галеријата на ФЛУ, Сули ан, во 20 часот, ќе се отворат две авторски изложби, и тоа „Форма“ на Наталија Копкина, Хелсинки, и избор на дела на Бабакк Хаџи, Техеран. Двајцата современи алтернативни автори.

На 12 јули во Монтажната галерија, во Паркот на франкофонијата во 20 часот, ќе се отвори авторската изложба „Еден“ на Тијана Борбељ, Нови Сад.

Носечката активност на „Зрно“ и она што го прави единствен фестивал во светот – работилниците за алтернативни, благородни фотографски процеси, годинава ќе се одржуваат во село Смилево, односно во смилевскиот манастир. Гости ментори ќе бидат едни од најголемите експерти во глобални рамки за соодветните постапки, кои ќе ги споделуваат со учесници од цела Европа. Ретка можност за вистинските вљубеници во автентичната фотографска уметност да научат нешто од авторитети со светско реноме. Веројатно до сега во Македонија (а и пошироко) не се случило да бидат во исто време и место такви имиња. Ментори на „Зрно“ оваа година ќе бидат:

– Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија, врвен авторитет за многу благородни фотографски постапки, годинава ќе биде ментор на работилница за нова цијанотипија, со негови хемиски рецептури;

– Михаел Лаубш, Виена, Австрија, ќе ја води работилницата за течна фотографска емулзија на разни материјали (дрво, камен, платно…);

– Ивана Томановиќ, Белград, Србија. Традиционално задолжена за класичната црно-бела лабораторија;

– Стиг Марлон Вестон, Осло, Норвешка, ќе ја води работилницата за еколумент-принтови;

– Мокар колодоум – темната уметност, ќе ја води Предраг Узелац, Нови Сад, Србија;

– Дамијан Диаконеску, Темишвар, Романија, без сомнеж најмагичниот и најдобар непознат автор во Европа, ќе води работилници за гумотипија и Ван Дајк фотографија; и

– Емилија Сандиќ и Стефан Стефановски, студенти по фотографија на академијата во Нови Сад и дел од тимот на „Зрно“, ќе ја водат работилницата за креативни игри во класичната темна комора.

На работилниците има повеќе пријавени од странство отколку домашни учесници што е своевиден куриозитет, иако за наши луѓе „Зрно“ нуди посебни, повластени услови, а тоа го прави за да ја зајакне домашната фотографска сцена (затоа што нема кој друг).

Во Смилево ќе се одржат и две изложби, на Миша Кескеновиќ и на фотоклубот „Ирис“ од Темишвар. Изложбите ќе се одржат на отворено и пред коперација, од поважните нешта – ќе има и проекција на филм, во соработка со „Македокс“ и НУ Манифестација „Смилевски конгрес“ – Смилево, Демир Хисар и други, придружни активности.

По завршувањето на работилниците за благородни фотографски процеси во Смилево, ќе биде поставена изложба на избрани дела настанати на работилниците.

„Зрно“ од година на година расте и како единствен фестивал од ваков тип ја впишува Македонија на културната мапа на светот. Oрганизаторите велат дека поддршката од Министерството за култура е понижувачка.


0 views

Comentários


bottom of page