Тренерот на Денвер проговори за неверојатната реакција на скромниот Јокиќ по 100. трипл-дабл во кари
Тренерот на Денвер проговори за неверојатната реакција на скромниот Јокиќ по 100. трипл-дабл во кариерата (Видео)Никола Јокиќ продолжи да пишува историја во НБА лигата и рано утрово стигна до 100-от трипл-дабл во својата кариера, учинок кој на големо го потенцираат американските медиуми, но не и самиот Србин кој уште еднаш демонстрираше дека е неверојатно скромен.
По победата над Хјустон остварена со резултат 133:112, новинарите го „нападнаа“ Јокиќ поради импресивниот јубилеј кој го оставри со 100-от трипл дабл (14 поени, 11 скокови и 10 асистенции), но неговиот одговор и изјавата на тренерот Мелоун само откриваат за каква личност станува збор.
– Тоа е убаво, но јас повеќе почитувам нешто друго. Јас ја почитувам нашата игра како тим. Јас никогаш не бркам достигнувања, награди или било што. Можеби ова ќе ми има поголемо значење кога ќе ја завршам кариерата, сега верувајте дека не, – изјави Јокиќ, а со изјава се јави и неговиот тренер, Мајк Мелоун.
– Јокиќ е неверојатен и не смееме да го сфаќаме ова здраво за готово. Долго сум во оваа работа и знам дека работите можат брзо да се променат. Затоа мораме да го почитуваме она што го прави на теренот.
– Тоа што негоото име се поврзува со овие историски достигнувања само не потсетува колку сме благословени што имаме играч како него. Никола е многу талентиран, оствари толку работи на теренот, на најимпресивено е тоа колку е скромен. Денеска му ја дадов топката за спомен од овој меч, а тој остана засрамен. Јокиќ не сака да биде во центарот на вниманието, – открива Мелоун откако Јокиќ стана само шестиот играч со 100 трипл-дабли во НБА историјата.
Comments