top of page

Тргнати решетките од Македониумот во Крушево

Sep 30
1 min read

30.09.2026 Septemvri Sreda

„Запрепастена сум од кокошарников на галериите… многу креативно! Среќа што авторите не се со нас. Не сум за ништо известена, запрепастена сум“, реагираше тогаш револтирано и Лира Грабул, наша врвна уметница и професорка по уметност,  ќерка на Јордан и Искра Грабул, во чија сопственост се авторските права на ова уметничко дело.

Изграден 1974 година, архитектонското и историско богатство на надморска височина од 1.320 метри , во ноември 2025 година беше прогласен за културно добро во опасност. Состојбата со години се влошува како резултат на надворешни атмосферски влијанија, протекување и влага. Последните зафати се извршени 2016 и 2017 година, а  за интервентната заштита се издвоени 5,5 милионi денари (околу 90.000 евра).

Работите околу заштитата се изведуваа летово под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и требаа да завршат пред празникот 2 Август-Илинден, а металната конструкција ќе биде поставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од споменикот. (Л.С.)


 
 
 

Comments


bottom of page