top of page

Трајковски: Шутнав со последните сили, судбината вмеша прсти

25.03.2022 Mart Petok

Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација над Италија (1-0) на стадионот „Ренцо Барбера“, на кој настапуваше четири години како поранешен фудбалер на Палермо.

– Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам гол на стадионот каде што поминав прекрасни четири години. На крајот излезе сè како што треба и се израдувавме сите, изјави Трајковски – кој беше член на италијански Палермо од 2015 до 2019 годинМакедонските фудбалери во вторник во Порто ги очекува финалниот натпревар против Португалија за место на Мундијалот во Катар.

– Треба да се одмориме и добро да се подготвиме за Португалија. Имаат многу индивидуалци и одлични фудбалери. Мораме да веруваме дека можеме да се носиме и со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда. И вчера никој не веруваше, но се случи тоа што ќе се случи. Одиме во Португалија да дадеме максимум и се надевам дека ќе отидеме на светско – порача Трајковски.



 
 
 

Commentaires


bottom of page