top of page

Трајковски се повлече, Атанасов отпадна за Ирска, но Барди и Алими остануваат!

28.03.2026 Mart Sabota

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска.

Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот.

Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.

Од друга страна, напаѓачот Бојан Миовски, по барање на Глазгов Ренџерс, но и со согласност од самиот фудбалер, е ослободен од обврските и веќе ја напушти репрезентативната база. Слична е ситуацијата и со Александар Трајковски.

Дополнителен хендикеп за стручниот штаб претставува и повредата (адуктор) на Јани Атанасов, кој по направените медицински прегледи (магнетна резонанца) нема да биде во можност да настапи на натпреварот во Даблин.

Ирска-Македонија 31 Март 2026 Вторник 20-45 часот пренос на МРТ 1


 
 
 

Comments


bottom of page