Трајковски: Сакам да се вратам во Италија
Александар Трајковски и понатаму е интересен за италијанските медиуми кои дефинитивно ќе го паметат како него и така и нашата репрезентација која пред точно една година им го уништи сонот за Светско првенство, поточно ги елиминираше во баражот за пласман на шампионатот во Катар.
Трајковски беше човекот кој им пресуди на „аѕурите“ во Палермо со гол на кој се потсетува и го гледа до ден денеска.
– Тој легендарен гол се уште го имам во својот телефон и го гледам одвреме навреме. Во главата се уште ги имам спомените од онаа експлозија од емоции. Потоа имав толку многу пораки на телефонот, на профилите на социјалните мрежи, ми требаа пет дена за да им одговорам на сите, -вели нашиот репрезентативец кој се надева дека во блиска иднина ќе игра одново на Апенините.
-Дали би се вратил во Италија? Би сакал. Ќе видиме какви понуди ќе пристигнат. Добив понуди од Серија Б, но бидејќи сум од земја која не е во Европска унија, таа опција пропадна. Кога пропадна Палермо, имав опција да играм за Верона, но јас се решив за Мајорка, -истакна членот на Ал Фејха, клуб со кој е врзан до месец јуни.
Kommentare