Search
Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина. Атлетичарот кој живее во Данска, но настапува под македонско знаме, на митингот во Калитеа (Грција) забележа скок од 7,79 метри. Досегашниот македонски рекорд исто така беше сопственост на Андреас Трајковски (7,60 метри), а го постави минатата година. Андреас Трајковски заврши како четвртопласиран на митингот во Калитеа. Првото место му припадна на Муарил Сришинкар од Индија, кој прескокна 8,18 метри.
Comments