Трап го прекина молкот и потврди дека одговорил на понудата на Јунајтед
Манчестер Јунајтед беше сериозно заинтересиран за Кевин Трап, Ерик тен Хаг имал и неколку разговори со голманот, но очигледно тој има поинакви планови за својата иднина. Самиот Трап денеска преку Инстаграм испрати порака до јавноста и фановите, потврдувајќи дека планира да остане во Ајнтрахт. – Изминативе денови имаше многу информации за интересот на Манчестер Јунајтед за мене и тоа е точно, клубот подготви понуда. – Манчестер Јунајтед е голем клуб и верувам дека сите ќе разберат дека ми требаше време да размислам за таа понуда. – Сепак, вчера ги информирав одговорните во двата клуба дека го избрав Ајнтрахт, доживеав неверојатни нешта овде и заедно испишувавм историја, – напиша Трап, со што појасни дека не планира да ја напушти Германија. Јунајтед бара поддршка за Давид Де Хеа по заминувањето на Дин Хендерсон, но Трап очигледно повеќе ја цени гарантираната минутажа во екипата со која ќе настапува и во Лигата на шампионите.
Comments