„Трансценденција“ изложба на скулптури на Слободан Милошески во КИЦ
Updated: Nov 18, 2021
16.11.2021 Noemvri Vtornik
„Трансценденција“ е наслов на изложбата од авторот Слободан Милошески која на 17 ноември 2021 од 20 часот ќе биде отворена во Културно информативниот центар во Скопје. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат 15 скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на техника на заварување на метал. Скопската публика изложбата ќе може да ја посети до 30 ноември.
„ Низ призмата на оваа изложба на скулпторот Слободан Милошески скопската публика има можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот (во овој случај станува збор за метал) и концептот на артикулирање идеи кои се од доменот на духовното…“, се вели во најавата на изложбата.
Милошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.
До сега има реализирано 26 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 80 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 15 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014год, Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020год. и нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021год.
Comments