Традицијата работи за Роналдо: Една низа најавува триумф на Португалија на СП
- Aleksandar Santovski
- Nov 17, 2022
- 1 min read
На неколку дена пред почетокот на Светското првенство во Катар, фудбалските фанови се уште можат само да прогнозираат што ќе се случува на турнирот со невообичаен термин и да го истакнат својот фаворит за титулата светски првак. Но, за оние што веруваат во традицијата, можат да се обложат на Португалија, која ќе биде предводена од Кристијано Роналдо. Се работи за „проклетството“ кое вели дека најдобриот стрелец на последното Европско првенство е најава за тоа која селекција ќе го освои следниот мундијал. Истото започна со Давид Вилја, кој беше најдобар стрелец на ЕП 2008, за две години подоцна Шпанија да стане светски шампион. Традицијата продолжи со Марио Гомез, односно во Германија во 2014 година, како и со Антоан Гризман и Франција во 2018 година. Роналдо беше најдобар стрелец на последното европско првенство, па ако традицијата продолжи, тој ќе стигне до уште еден голем трофеј кој му недостасува во кариерата, а Португалија првпат би станала светски првак.

留言