Традиционалниот концерт во парк насловен „Одисеја 2024“: Филхармонија ќе изведува музика од филмовите на Кјубрик
06.06.2024 Juni Cetvrtok
Традиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје ќе се одржи на 19 јуни во 21 часот.
Годинава тема е музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик кој важи за визионер со огромно влијание врз светската филмска уметност.
Концертот е насловен „Одисеја 2024“ и е инспириран од енговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“.
Ќе диригира Дијана Имери-Илкоска, а ќе бидат изведени музички теми од Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостаковиќ, кои ги одбележаа филмовите „2001: Вселенска одисеја“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.
– Кјубрик ја гледал музиката како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебни драматургија и естетика – велат од Филхармонија.
Comments