top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Традиционален концерт за „Василица“ на 12 и 13 јануари во НОБ

„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ).

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, a оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар, наведуваат од НОБ.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. – Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет, се вели во соопштението.


0 views

Comments


bottom of page