top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Травијата“ од Џузепе Верди во НОБ

Оперската претстава „Травијата“ од Џузепе Верди ќе се одржи во Националната опера и балет на 17 декември 2021 година.

Претставата ќе се изведе под диргитенстката палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер од Германија, кореограф е Саша Евтимова.

Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон настапува Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Диме Петров.

Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Од НОБ велат дека партитурата „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот.


1 view

Comments


bottom of page