top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тојота се враќа во Формула 1 по пауза од 15 години

14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik

Промените во Формула 1 носат доста раздвижувања од година во година, а откако Рено најави повлекување од најважното моро случување во светот, денеска пристигна вест за враќање на еден голем бренд.

Тојота потврди дека се враќа во „големиот циркус“ по пауза од 15 години, но за разлика оттогаш кога работеше како самостоен тим, сега ќе биде дел од партнерство со Хас.

Јапонската компанија се враќа на „мала врата“ и засега нема да го снабдува Хас со нови агрегати, барем не до 2028-ма година кога истекува договорото на Хас со Ферари.

Тојота во прв момент станува дел од проектот на Хас како партнер кој ќе помага со стручноста, знаењето, информациите и важните ресурси, како и со потпомогање во техничкиот дел при дизајнирањето на болидот.

Последен пат Тојота беше дел од Формула 1 во 2009-та година, но тогаш реши да се повлече откако не забележа ниту една победа во осум последователни сезони.


2 views

Comments


bottom of page