top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тотенхем ќе бара одложување на натпреварот со Брајтон

Од таборот на Тотенхем ќе поднесат барање до првите луѓе на Премиер лигата за одложување на неделниот натпревар против Брајтон.

Причината за тоа е што дури седум од играчите се позитивни на Ковид-19, а освен нив уште двајца членови на стручниот штаб на Антонио Конте се заразени со вирусот.

„Атлетик“ пишува дека од клубот ќе поднесат официјално барање за одложување на натпреварот со Брајтон кој е закажан за во недела.

Тотенхем пред Брајтон треба да одигра натпревар со Рен во рамките од Конференциската лига и тој натпревар веројатно ќе се одржи затоа што во клубот веќе има 13 фудбалери кои што може да бидат во комбинација, па според правилата на УЕФА ќе мора да излезат на тревникот.

Иако веќе неколку денови се пишува за позитивните играчи во Тотенхем, засега јавноста не е запознаена за кои играчи станува збор.


1 view

Comments


bottom of page