Search
Топката со која е постигнат најконтроверзниот мундијалски гол ќе биде продадена на аукција
Диего Марадона постигна два гола во финалето на Светското првенство во 1986 година, па ја донесе титулата за својата земја, со еден контроверзен и еден посебно атрактивен гол.
Речиси и да не постои фудбалски фан кој не слушнал за голот со „божја рака“, односно контроверзниот подогок со рака, со кој Марадона го совлада англискиот голман Питер Шилтон.
Неколку децении подоцна, судијата на тој дуел, Тунижанецот Али Бин Насер реши да ја продаде топката на аукција и се очекува таа да биде продадена за сума меѓу 2,8 и 3,3 милиони евра.
– Топката е дел од фудбалската историја и време е да биде споделена со светот, – изјавил поранешниот судија, кој напоменал дека со таа топка се играл цел натпревар.
Аукцијата ќе се одржи на 16. ноември.
コメント