top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Топ ган: Маверик“ е најголем блокбастер на деценијата

„Топ ган 2“ е едно од најдобрите блокбастерски продолженија некогаш направени, според раните реакции на социјалните мрежи. Првите реакции на филмот се многу подобри отколку што некој би помислил. Всушност, продолжението на најубавиот филм на Том Круз од 80-тите веќе се опишува како „едно од најдобрите продолженија на кој било филм досега“, кое, искрено, сите ги изненади, особено по многуте одложувања на премиерата и појавување речиси четири децении по култниот оригинал, според првичните рецензии. Воден од емоции, немилосрдно кинетичен, стилски бомбастичен, филмот е величествена ода на видот блокбастер филмови кои некогаш ги испраќаа луѓето во киносалите. Тој е еден од најдобрите филмови на годината и на деценијата. Се рангира како еден од најнаградуваните филмови, (според IMAX) и е интересен за љубителите на серијалот – подеднакво и за повозрасните и за младите. Многу очекуваното продолжение заработи 156 милиони долари на домашните киноблагајни во првиот викенд заклучно со празничниот понеделник во САД, според „Комскор“ и 252.7 милиони долари во светски рамки, според „Парамаунт“. Top Gun: Maverick изминатиот викенд се прикажуваше во повеќе од 25.000 киносали на глобално ниво, што го прави најголемо издание на „Парамаунт пикчрс“ во неговата историја.



1 view

Comments


bottom of page