Тони Надал: Рафа трпи болка со години, тој е најдобар тенисер на сите времиња
Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е голем шампион и стигна до 14. пехар на Ролан Гарос или вкупно 22. трофеј на грен слем сцената.
Оваа победа за Шпанецот е уште позначајна ако се имаа предвид огромните проблеми што ги има со стапалото, па само за да игра се одлучи да прими безброј инјекции за да не чувствува болка. Сето ова прави титулата да биде посебна и тоа многу добро го знае неговиот долгогодишен тренер, неговиот чичко Тони.
-Верувам дека ќе продолжи да игра. Очекуваме да видиме какви резултати ќе даде третманот. Ако се биде добро, тогаш ќе треба да се направат други работи, ќе видиме. Секогаш се трудам да бидам позитивен и верувам дека се ќе оди како што треба.
-Тоа е многу ретка работа, која се развива и предизвикува се повеќе болка додека не дојде време кога треба да донесете одлука. Тој и досега трпеше болки, но понекогаш не може нормално да тренира. Затоа сега бараше поинаков третман, -рече Тони и продолжи:
-Кога тренирате интензивно, стапалото повеќе ви трпи и доаѓа момент кога мислите дека нешто треба да се промени. Се сеќавам дека еден ден во Монте Карло ми рече – мака ми е болка, тоа влијае психички врз вас. Знае дека операцијата би му помогнала повеќе да не чувствува болка, но тогаш не би можел да игра тенис на највисоко ниво. Секогаш се бори до крај, тоа му е во ДНК. Тој е најдобриот тенисер на сите времиња. Она што го направи е неверојатно, -вели тренерот кој се надева дека неговиот внук ќе биде во конкуренција за настап на Вимблдон.
-Сигурен сум дека сака да игра на Вимблдон. Ќе видиме како ќе помине низ овој третман и дали ќе може,-заклучи Тони кој веќе некое време не соработува со Рафа, меѓутоа сигурно има информации од прва рака.
ความคิดเห็น