top of page

Тони Надал: Рафа нема да брза, ќе игра само ако е подготвен

Најквалитетниот шпански тенисер, Рафаел Надал поради фрактура на реброто мораше некое време да се оддалечи од тениските терени, но полека големиот шампион им се враќа на обврските, односно започна да тренира.

Пред некое време медиумите пренесоа дека Рафа планира да направи кам-бек на Мастерсот во Мадрид кој се игра од 2 до 8 мај, информација која ја потврди и неговиот долгогодишен тренер Тони кој сепак порака дека бикот од Мајорка нема по секоја цена да форсира да заигра во овој период.

-Ми кажа дека ќе игра ако е подготвен. Вчера почна да тренира и има уште 15 дена да види како ќе се развива ситуацијата. Ако е во добра состојба ќе игра, -истакна Тони.


 
 
 

Comentarios


bottom of page