top of page

Тонали стави потпис на нов договор и порача: Знаете колку е длабока мојата љубов кон овие бои

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали ја продолжи соработката со шампионот Милан.

Играчот за врска имаше квалитетни партии за „росонерите“ во минатата сезона особено кога најважно и кога „росонерите“ беа под притисок за резултати со кои ќе им се отвори патот до Скудетото. Тие негови изданија му донесоа награда и тој денеска стави потпис на нов договор според кој ќе остане на „Сан Сиро“ до 30 јуни 2027 година.

-Здраво дечки, воодушевен сум што го продолжив договорот и што го продолжив престојот во Милан. Знаете колку е длабока мојата љубов кон овие бои. Ви благодарам за поддршката што ни ја давате. Со ваша поддршка, можеме да постигнеме големи работи, -порача Сандро во првата порака откако стави потпис на новиот договор.


 
 
 

Comments


bottom of page