top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Томовски: Сакаме да извлечеме поука од лошото СП, сакаме да покажеме дека вредиме

Сениорската ракометна репрезентација ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, настан на кој во групната фаза за ривали ги имаме Данска, Словенија и Црна Гора.

Сепак до овие битки се уште има време и истото нашата селелекција ќе го искористи максимално да се подготви, спреми во Маврово и Скопје каде ќе има и четири тестови против Кувајт и Израел.

Голманот на Вардар, Мартин Томовски може да биде значаен адут на ЕП на кое тој се надева дека ќе се покажеме во најдобро светло и со тоа ќе го избришеме лошиот настап од мундијалот во Египет.

-Уште едно првенство, уште еден предизвик. Сакаме да извлечеме поука од лошото СП во Египет. Сакаме да покажеме дека вредиме. По тој настан направивме анализа, па сега со нова енергија и нов тренер доаѓаме на ова ЕП што верувам дека ќе биде позитивно. Сите здравствено сме добри и така сакам да останеме до почетокот на првенството. Максимално ќе се посветиме на подготовките на кои ќе бидеме изолираме, ќе бидеме подготвени за шампионатот.

-Европското е најтешко натпреварување. Има две места за во следната фаза. Кога станува збор за противниците тие ни се добро познати. Данска ни ја издвоил како најквалитетна репрезентација, Словенија се сериозни кандидати за пласман понатаму и Црна Гора како фактор изненадување. Сега немаме очекувања, важно е да имаме одлична подготовка и се надеваме на најдоброто, изјави Томовски.


3 views

Comments


bottom of page