Томовски блескаше на голот, Вардар му се реваншираше на Татран
- Aleksandar Santovski
- Feb 10, 2023
- 1 min read
Вардар успеа да му се реваншира на Татран Прешов за првиот пораз оваа сезона во СЕХА лигата, па со вториот триумф во низа изби на првото место на табелата.
Македонскиот првак режираше слатка одмазда против гостинот од Прешов и возврати за поразот претрпен на крајот на месец јануари, а одлична вест беше и тоа што постигна повеќе голови и победи со пет разлика.
„Црвено-црните“ загубија од Татран со 27:23, но денеска комплетно ја анулираа оваа негатива со победата од 29:24 на домашен терен во Скопје.
Гостите од Словачка парираа на денешниот натпревар до резултат 5:6 кога имаа минимално водство, но потоа избраницитен а Недановски земаа се во свои раце и заминаа со плус пет на полувреме (15:10).
Со новите два гола на отворањето на вториот дел Вардар отиде на 17:10, потоа беше и 23:15 и веќе стана јасно дека Вардар со сигурност ги освојува бодовите во „Јане Сандански“. Чувара беше најнапаѓачки расположен и постигна пет гола, четири постигна Дутра, а исто толку и Моралес и Георгиевски. Одличен на голот беше и Томовски со 12 интервенции.

Commenti