Том Хенкс не сака да му плати на Џеф Безос 28 милиони долари за лет во вселената
- Aleksandar Santovski
- Nov 5, 2021
- 1 min read
Двократниот оскаровец Том Хенкс ја одбил шансата да лета во вселената поради цената. Актерот од „Финч“ откри дека Џеф Безос му предложил да се качи на летот со „Блу ориџин“ пред ѕвездата на „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шатнер да ја прифати поканата, но тој не сакал да даде 28 милиони долари. Во текот на гостувањето во „Џими Кимел лајф“ водителот го праша дали е вистина дека бил поканет да биде на летот пред Вилијам Шаатнер, Том рече: „Па, да, под услов да платам.“ „Добро ми оди, Џими. Но, јас не плаќам 28 милиони долари“. 65-годишната ѕвезда се пошегува дека тој и Џими наместо тоа „може да го симулираат искуството во студио“. Подрипнувајќи на своето место, тој се пошегува: „Се работи за лет од 12 минути, нели?“…Можеме да го направиме тоа овде каде што сме без да дадеме 28 милиони долари.“

Comments