top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Хенкс: Ме привлече едноставноста на „Финч“

Updated: Nov 16, 2021

15.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Том Хенкс откри дека му се допаднала едноставноста на новата постапокалиптична драма „Финч“, што било клучно да ја прифати улогата. 65-годишниот оскаровец го глуми инженерот Финч Вајнберг, човек кој се обидува да создаде хуманоиден придружник за да се грижи за неговото куче Гудиер по неговата смрт. Хенкс вели беше воодушевен од многу основната премиса. „Не требаше да проектирате ништо на него освен основната премиса: еден човек има куче и многу е опасно да се биде надвор“, изјави Хенкс за SFX. „Мислам дека филмот опфаќа многу различни хоризонти, можеби затоа што е патување, но пред сè, затоа што е емотивна приказна за еден човек и неговото куче“. Роботот-придружник на Финч го игра Кејлеб Лендри Џонс, а Том бил импресиониран од одлуката на режисерот Мигел Сапочник инженерот да го развие киборгот како лик. Приказната за триото – човек, киборг и куче – кои тргнуваат на патување до Сан Франциско во постапокалиптичен свет, ги воодушеви гледачите кои не престануваат да споделуваат позитивни коментари на социјалните мрежи. Преку нивното патување, се открива необична врска и развој на пријателството меѓу човек и робот.


1 view

Comments


bottom of page