top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Хенкс заработил 40 милиони долари од „Форест Гамп“ поради клаузула од договорот

Холивудскиот актер Том Хенкс, наводно, заработил 40 милиони долари за улогата во оскаровецот „Форест Гамп“. Добивај вести на вибер Хенкс ја добил оваа сума благодарение на специфична клаузула во својот договор, со која тој добивал дел од приходите од киноблагајните. Како резултат на тоа, Хенкс ја достигнал оваа неверојатна сума, со дополнителна заработка за него и за режисерот Роберт Земекис, благодарение на тоа што вложиле свои пари за да задржат некои сцени во филмот кои „Парамаунт пикчрс“ не сакал да ги финансира. По премиерата во јули 1994 година, „Форест Гамп“ стана огромен хит. Холивудскиот блокбастер освои шест „Оскари“, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога. Стана филм со најголема заработка на „Парамаунт“, од преку 200 милиони долари. Официјални бројки за заработката на Хенкс никогаш не беа објавени, но се верува дека актерот можел да заработи до 60 милиони долари вкупно за својата улога во филмот. Според „Бизнос инсајдер“, улогата Форест го става Хенкс на деветтото место на 20-те најплатени филмски улоги на сите времиња.




1 view

Comments


bottom of page