Том Хенкс за „Кодот на Да Винчи“: Тој филм е измама
Во интервју за „Њујорк тајмс“ холивудската ѕвезда Том Хенкс , меѓу другото, се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Ленгдон. Филмовите „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и Демони“ и „Пекол“, во режија на Рон Хауард се базираат на книгите на Ден Браун, а Хенкс има главна улога во сите три. Иако го портретира најважниот лик во трилогијата, славниот актер нема ништо убаво да каже за овие филмови: „Кодот на Да Винчи е измама. Целата трилогија е измама. Да речеме дека Ден Браун напиша ‘Еве една скулптура во Париз! Не, сè е таму. Гледате како изгледа овој крст на мапата? Па, тоа е повеќе или помалку крст’“, рече Хенкс. „Тој забавен лов на богатство ја прикажува историјата исто колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно прикажуваат шпионажа“, додаде тој. Оскаровецот се присети и на една анегдота од познатиот париски музеј: „Снимавме таа вечер во Лувр. Ги сменив панталоните пред Мона Лиза. Ми ја донесоа роденденската торта во Големиот салон! Кој друг може да се пофали со тоа?”
Commentaires