top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Круз ужива во друштво на синот Конор, но многумина не го препознаа поради промените на лицето

Том Круз го искористи викендот за пријатно семејно дружење на бејзбол-натпревар во Сан Франциско придружуван од својот син Конор кого го посвои во бракот со Никол Кидман. Изгледот на познатите личности е постојано под лупа, така што и најмалите промени не поминуваат незабележани од таблоидите или корисниците на социјалните мрежи. Новото лице на Том Круз не помина под радарот, згора на тоа фановите почнаа да нагаѓаат дали драстичната промена е резултат на естетски зафат, многу филери или вишок килограми. Наместо да пишуваат за син му, медиумите и твитерџиите овој пат се фокусираа на славниот актер најмногу поради неговиот непрепознатлив изглед. Имено, актерот, кој видно уживаше и често се смееше за време на натпреварот, има поинаков изглед на лицето. Некои шпекулираат дека се здебелил, а други велат дека отеченото и заоблено лице може да биде резултат на естетски корекции или прекумерна употреба на ботокс. „Том, што направи со твоето прекрасно лице?“… „Ме разочара кога те видов на трибините“… „Направи нешто со лицето или се здебели?“… „Дали е ова алергиска реакција?“…, беа некои од коментарите на социјалните мрежи. Сепак, имаше фанови што застанаа во одбрана на актерот коментирајќи дека тој изгледа одлично за својата возраст, како и дека има право да ја промени тежината без осудувачки коментари.




1 view

Comments


bottom of page