top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Круз со спектакуларен адреналински потег како од „Невозможна мисија“ ги затвори Олимписките игри во Париз Франција 2024 фото и видео

12.08.2024 Avgust Ponedelnik

Синојка на 11.08.2024 Avgust Nedela на затварањето на олимписките игри во Парис Франција еден од најдобрите актери на денешницата, Том Круз во текот на интонирањето на американската химна, се спушти од врвот на стадионот „Стад де Франс“ (како во сцена од филмот „Невозможна мисија“, каде што ја игра главната улога), па го презеде олимпиското знаме од најдобрата гимнастичарка на сите времиња, Американката Симон Бајлс, бидејќи следните Летни олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес

Американскиот актер Том Круз направи вистински спектакл на затворањето на Олимписките игри во Париз. Како што беше претходно најавено, еден од најдобрите актери на денешницата, во текот на интонирањето на американската химна, се спушти од врвот на стадионот „Стад де Франс“ (како во сцена од филмот „Невозможна мисија“, каде што ја игра главната улога), па го презеде олимпиското знаме од најдобрата гимнастичарка на сите времиња, Американката Симон Бајлс, бидејќи следните Летни олимписки игри, во 2028 година, ќе се одржат во Лос Анџелес, град што ќе биде домаќин на една Олимпијада по трет пат во историјата. Претходно беше во 1932 и во 1984 година. Лос Анџелес ќе стане третиот град, по Париз и Лондон, кој три пати бил домаќин на едни Летни олимписки игри.

Подоцна тој го носеше знамето низ публиката, и многумина сакаа да се поздрават со него. Потоа се качи на мотор и почна да вози низ Париз, па се качи во авион и се спушти со падобран во Лос Анџелес. Во последната снимка, холивудскиот актер позираше покрај холивудскиот знак во однапред снимена сцена.

Ова не е прв пат Том да учествува на ваков спектакл. Во 2004 година, во пресрет на Летните олимписки игри во Атина, тој помогна да се носи факелот низ Лос Анџелес. Инаку, Круз е познат по изведувањето различни акробации за кои актерите вообичаено користат каскадери, и повторно го докажа тоа на овие Олимписки игри. Кон крајот на церемонијата, се појавија големите музички ѕвезди како „Ред хот чили пеперс“, Били Ајлиш и Снуп Дог, на плажа во Лос Анџелес.

Во изминативе 18 дена, ѝубителите на спортот можеа да уживаат во големи спортски настани во 32 спорта, 48 дисциплини, на 329 натпреварувања.

Церемонијата започна со неколку француски шансони за потоа да биде интонирана Марселезата, а на теренот излегоа спортистите на сите држави. Ако на отворањето гледавме најава за секоја земја, сега внесувањето на знамињата одеше многу побрзо.

Како и отворањето така и церемонијата на затворањето беше во режија на Томас Џоли. Уметничкиот директор ја претвори арената во гигантска концертна сала пред 71.500 гледачи. Повеќе од 100 уметници, од акробати и танчари до циркуски уметници и светски познати пејачи, ја оживеаја избраната тема „Записи“ за живот, со различни музички изведби.

epa11546178 US actor Tom Cruise carries the olympic flag on a motorcycle during the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG


epa11546147 Tom Cruise performs a stunt during the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON


epa11546200 Fireworks at the end of the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/MAST IRHAM


epa11546203 Fireworks go off to conclude the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO


epa11546179 US actor Tom Cruise carries the Olympic flag on a motorcycle during the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO




5 views

Comentarios


bottom of page