Том Круз продолжува со акробации и на 62 години: Висеше од авион додека снимаше филм
22.07.2024 juli Ponedelnik
Актерот Том Круз висеше од авион кој беше превртен во лет, додека ги снимаше сцените за новиот дел од „Невозможна мисија“. Се чини дека 62-годишниот холивудски актер не носел падобран бидејќи се држел за авионот за време на трик што ретко кој би се осмелил да го повтори.Фотографиите објавени од британските медиуми го покажуваат застрашувачкиот момент кога авионот се превртел, оставајќи го Том да се држи за крилото.
„Изгледаше дека ликовите снимаат сцена со борба каде што се караат пред авионот да се преврти наопаку. Пилотот беше облечен во зелено, што сугерираше дека ќе биде отстранет од сцената, а Круз и Моралес ќе бидат единствените во авионот“, изјавил извор за „Мирор“.
Круз стана препознатлив токму поради акробациите кои сам ги изведува, а имаше и улоги за кои такви работи беа особено неопходни, почнувајќи од „Топ Ган“ па завршувајќи со бројните продолженија на „Невозможна мисија“.
Неодамна беше забележан во студиото Лонгкрос во Велика Британија, како снима сцени преполни со акција, додавајќи акробации со потпис на новиот дел од франшизата.
Претходно во април, Круз беше фатен на снимање во близина на Даунинг стрит во Лондон, прикажувајќи драматични моменти кои навестуваа предизвици за неговиот лик, агентот Итан Хант.
За последниот објавен дел од „Невозможна мисија“ тој се надмина себеси, изведувајќи БАСЕ скокање од карпа. Овој потфат беше окарактеризиран како „најголемиот трик во историјата на кинематографијата“.
Comments