top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Круз покажа спектакуларна акробација од „Невозможна мисија 7“

27.08.2021 Avgust Petok

Том Круз во четвртокот претстави она што тој го нарече своја најопасна акробација на сите времиња во исечок од претстојниот филм „Невозможна мисија 7“. Круз, познат по опасните сцени без каскадери, вози мотор по стрмен терен симнувајќи се од од џиновска карпа во Норвешка, потоа се фрла во воздух пред да му биде ослободен падобранот. Клипот и разговорот на Круз и режисерот Кристофер Меквери за подвигот беа прикажани на собирот на оператори на кина и директори на холивудски студија во Лас Вегас, објавија забавните медиуми. „Ова е најопасното нешто што некогаш сум се обидел да го направам, работиме на ова со години”, вели Круз во видеото, како што пренесува „Дедлајн Холивуд“. „Сакав да го направам тоа уште од мал.“ Во новото продолжение, суперагентот Итан Хант започнува нова невозможна мисија која ветува низа сцени што го одземаат здивот. „Невозможна мисија 7“ треба да излезе во мај 2022 година, со задоцнување од една година поради пандемијата, која предизвика прекини на снимањето во Италија, Норвешка и Велика Британија.




1 view

Comments


bottom of page