top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“

Том Круз, кој во неделата наполни 60 години, доби честитки за роденденот од голем број истакнати личности од висок профил. Добивај вести на вибер Меѓу оние што му честитаа беше и режисерот Кристофер Меквари, кој работеше заедно со Круз во филмот „Џек Ричер“ од 2012 година, како и во повеќе филмови од серијалот „Невозможна мисија“, вклучително и претстојниот „Невозможна мисија – Пресметка на мртвите, прв и втор дел“. „Среќен 60. роденден, Том“, напиша Меквари покрај фотографија од Круз како се држи за крилото на старински авион во воздухот. Круз, кој се врати во улогата на капетанот Пит (Маверик) Мичел во новиот блокбастер „Топ Ган: Маверик“, доби убави зборови и од двајца свои колеги во филмот, Вал Килмер и Глен Пауел. Килмер напиша: „Среќен роденден ‘Мав Том Круз од Ајс’!“ алудирајќи на неговото повторување на улогата Адм. Том (Ајсмен) Казански во продолжението. Пауел, кој во филмот го портретира поручникот Џејк (Хенгмен) Сересин, ја објави истата фотографија што ја сподели Меквари, а на која Круз ѝ пркоси на смртта. Тој напиша: „Ова е 60. Том Круз, едноставно, нема никој како тебе. Држи се таму. Среќен роденден!“




3 views

Comments


bottom of page