top of page
Search

Толдо: Интер е воена машина…



29.01.2024 Januari Ponedelnik

Интер се избори за важна победа на „Артемио Франки“ во Фиренца, победа од 1-0 со која одново се врати на врвот во Серија А и тоа во пресрет на голото дерби со Јувентус кое се игра оваа седмица на „Џузепе Меаца“.

Клучниот гол го даде Лаутаро Мартинез во првото полувреме, но целиот состав има заслуга за овие три бода кои дефинитивно се значајни кон остварување на посакуваната цел, освојување на Скудетото. Италијанската легенда, Франческо Толдо го прослави овој натпревар на неговите две поранешни екипи и секако имаше еден краток заклучок.

-Интер е воена машина, тие двајца напред го носат тимот, а остатокот од групата ја освојува топката и трча. Плус, примаат малку голови, сите соодветни состојки за голманот да се чувствува смирен. Ама вчера Зомер не беше смирен. Ми се допаѓа Фиорентина, тие играат, тренерот ги учи како да играат фудбал, очигледно има разлики во инвестициите, но мислам дека тие ја заслужуваат таа позиција на табелата, имаат надеж за пласман во Лигата на шампионите, -истакна Толдо кој смета дека „Дерби Д’Италија“ нема да биде клучно во битката за трофејот во Калчото.

-Тоа не е пресвртна точка, има уште многу натпревари до крајот. Има уште многу варијабли, пред се повреди и Лигата на шампионите, -порачал славниот голман за „Раи Радио 1“.

Интер има еден бод повеќе од Јувентус, но и натпревар помалку од „старата дама“.


3 views

Comments


bottom of page