top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тодоров: Избраните дела од пограмата на концертот во Филхармонија ја будат емпатијата

Избраните дела од програмата ја будат емпатијата, а се чини дека и односите меѓу нашите две земји имаат потреба од емпатија. Пример се музичарите од Бугарија и Северна Македонија, кои со години градат топли професионални и човечки односи, изјави за БНТ маестро Најден Тодоров, по повод неговото гостување во саботата во салата на Филхармонија во Скопје, заедно со хорот при Софиската филхармонија.

Тодоров, под чија диригентска палка се одвиваше концертот, е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Програмата на концертот насловен „Новата класика“ вклучуваше дела од филмската музика на композиторите Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитриј Шостакович и Џон Вилијамс.

Софиска филхармонијаСофиска филхармонија, БГКИЦ Маестро Најденов се заблагодари на публиката во Скопје за долгите овации и аплаузот по изведбата на класици од филмови како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.

-Во кој било момент од историјата, музиката е мека дипломатија, уметноста е она што ги зближува луѓето. За разлика од политиката која ги дели луѓето, уметноста ги зближува. И ова е и нашата порака“, изјави за БНТ Најден Тодоров.

Концертот беше организиран со поддршка на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Министерот Тодоров беше во посета на просториите на БГКИЦ, при што на средба со директорот Антонија Велева беа разгледани културните проекти за годишната програма за 2023 година.


0 views

Comments


bottom of page