top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тодоров: И понатаму сум оптимист, сите мечеви се значајни, не само со Естонија

10.12.2020 Декември Четврток

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе биде пред големо искушение во февруари за да биде дел од Европското првенство (ЕП) во 2022 година, што ќе се одржи во Италија, Грузија, Чешка и во Германија. Meѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на последната седница на Бордот го објави календарот за февруарскиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022, според кој, жолто-црвените во рок од пет дена ќе треба да одиграат четири натпревари во групата Б. Тој турнир ќе се игра во рускиот град Перм. Сите детали ќе бидат познати најдоцна до 16 јануари в година. Поради ковид-19, во ноември беа одложени средбите Италија – Македонија и Естонија – Македонија. Македонија за тие пет дена ќе игра двапати со Италија, која веќе обезбеди пласман на ЕП, како една од државите-домаќини, а првиот дуел е на 18 февруари, еден ден пред официјалниот почеток на овој квалификациски турнир. Еден ден потоа следува средбата со Русија, а по слободниот ден, повторно со Италија. На 22 февруари е, можеби, решавачкиот меч со Естонија.

– Сметам дека ФИБА можеше да одреди порано термин за нашите претходно одложени дуели со Италија и со Естонија. Она што сега е најважно е да видиме како ќе се одвиваат работите со ковид-19 воопшто, второ, за да издржиме четири средби во пет дена, потребен ни е состав од 12 здрави кошаркари, особено за последниот дуел со Естонија и трето, да имаме среќа со авионските врски, а згора Перм е четири часа пред нас временски, што сигурно влијае врз аклиматизацијата. И понатаму сум оптимист и сметам дека сите натпревари таму ќе бидат значајни за нас, а не само со Естонија – ни изјави селекторот на Македонија, Александар Тодоров. На табелата води репрезентацијата на Италија со шест бода (од три меча), а потоа следуваат селекциите на Русија со шест бода (4), Естонија со четири (3) и Македонија со два (2). Освен Италија, од оваа група на ЕП ќе се пласираат уште две репрезентации.

Кошаркарките напредуваа за шест места на ранг-листата на ФИБА

Македонската женска сениорска репрезентација, заедно со селекциите на Финска, Бугарија, Узбекистан и на Естонија, најмногу напредуваше на најновата ранг-листа на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), по квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во ноември. Македонските репрезентативки се на 73-то место (на европската ранг-листа Македонија со 85,4 поени е на 38-то то место), шест места подобро отколку на претходното рангирање на ФИБА. На врвот на светската листа немаше промени, па прва е селекцијата на САД, со 832,9 поени, а потоа следуваат репрезентациите на Австралија со 714,5, Шпанија со 691,9 (моментно е и најдоброрангираната европска селекција) итн.

ГРУПА Б, РАСПОРЕД

18.2 Италија – Македонија 19.2 Италија – Естонија, Македонија – Русија 21.2 Македонија – Италија, Русија – Естонија 22.2 Естонија – Македонија


6 views

Comentários


bottom of page