top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тифани Трамп се омажи за 25-годишен милијардер

Тифани Трамп, најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Тифани и Мајкл, чија венчавка за малку ќе излеташе од шините поради ураганот Никол, ги почестија своите гости со американско-либанска екстраваганца во приватната резиденција на Трамп. Налетот на ураганот во Палм Бич, Флорида, во четвртокот можеби ги прекина подготовките, но церемонијата, која се одржа попладнето во саботата во приватната резиденција на Трамп, продолжи според планираното и покрај лошите временски услови неколку дена претходно, пренесоа американските медиуми. Либанскиот планер за венчавки и настани, Тони Брејс, беше ангажиран да ја реализира свадбата од соништата. Раскошната церемонија се одржа на имотот Мар-а-Лаго. 29-годишната Тифани носи венчаница со потпис на Ели Саб, славниот либански креатор, препознатлив по раскошните фустани и венчалните креации. Елегантниот фустан полн со светки го комплетира со мал, бел букет. Гордиот татко на невестата ja придружува по патеката до олтарот. Целиот имот беше раскошно украсен со цветови во пастелни бои. Деверушите носеа долги сини фустани. Мајкл за својот посебен ден носи црн костум, бела кошула и пеперутка кравата. Американецот со либанско потекло е наследник на бизнисот со благородни метали на својот татко, вреден милијарди долари.







1 view

コメント


bottom of page