top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Титулите за Донковски и за Алексовска

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

КУГЛАЊЕ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Младен Донковски од КК Макпетрол А и Стефанија Алексовска од КК Пелистер Пин од Битола се годинашни шампиони на Македонија во поединечна конкуренција. Првенството се одржа во кугларницата „ГТЦ Мусандра“ во Скопје. Во квалификациите, кај мажите настапија 16 куглари, а најдобрите шестмина се пласираа во финалето. Во финалето, пак, Донковски урна 625 кегли, втор беше Пеце Димовски (588) од КК Пелистер 1982, а трет Ибрахим Мемеди (574) од КК Макпетрол А. Кај кугларките, Алексовска оствари резултат од 546 кегли, втора беше Ивана Трајчевска (527), исто така од Пелистер Пин, додека трета заврши Данче Наумовска (515) од ГТЦ Мусандра. – Искрено не очекував дека ќе можам да одиграм два квалитетни натпревара во временски интервал од три часа поради работни обврски, но сепак успеав – задоволно ни изјави Донковски, кому ова му е официјално прва шампионска титула.


2 views

Comments


bottom of page