top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Тито, мојот претпоследен херој“ во финалето за „Роман на годината“

16.02.2021 februari vtornik Романот „Тито, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов – Ѕоф се најде во финалниот избор за наградата „Роман на годината“. Од 41 роман што конкурираат, жирито во првата селекција избра 18, кои ја продолжуваат трката за престижната награда за 2020 година. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во составот на жирито се Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Најдоцна до 15 март жирито треба да го соопшти добитникот на наградата, која годинава се доделува 22. пат. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје. Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2020 година: 1. „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или-или“ 2. „Шрапнел“ – Игор Анѓелков, „Или-или“ 3. „Суво мастило“ – Владимир Илиевски, „Македоника литера“ 4. „Скриени желби, немирни патувања“ – Владимир Јанковски, „Антолог“ 5. „Ши“ – Сашо Кокаланов, „Или-или“ 6. „Витезот и византијката“ – Кица Колбе, „Или-или“ 7. „Сфинга на гневот“ – Жарко Кујунџиски, „Антолог“ 8. „Приказна за трите града“ – Митко Маџунков, „Три“ 9. „Фантомско стапало“ – Блаже Миневски, „Матица македонска“ 10. „Највисокото дно“ – Марија Митева, „Полица“ 11. „На враќање“ – Фросина Пармаковска, „Или-или“ 12.„Лазарка“ – Љупчо Петрески, „Арс либрис“ 13. „Боксерот од Ново Маало“ – Владимир Плавевски, „Арс либрис“ 14. „Курвински хроники“ – Александар Русјаков, „Арс либрис“ 15. „Тито, мојот претпоследен херој“ – Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“ 16. „Генералот и пеперугата“ – Луан Старова, МАНУ 17. „Куќа над брановите“ – Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“ 18. „Случајот Чернобог“ – Катерина Шошко, „Антолог“


6 views

Comments


bottom of page