Search
Тирам донел одлука за својата иднина, Милан остана со празни раце
Францускиот репрезентативец, Маркус Тирам донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи неговата кариера Напаѓачот реши дека е време за разделба со бундеслигашот Борусија Менхенгладбах, па фактот дека е слободен агент и може да биде ангажиран без да биде платено без ниту едно евра за трансфер обештетување го направи да биде интересен за доста клубови во Топ 5 лиги во Европа. Во големото финале влегоа двата тима од Милано, Милан и Интер, па иако имаше информации дека „росонерите“ се многу блиску до него на крајот тој се реши да ги избере „нероаѕурите“. Ова го тврдат повеќе извори од Италија и Франција, а и новинарот Фабрицио Романо кој ретко греши кога се во прашање трансферите.
Comments