top of page
Search

Тинејџерката Андреева ја шокираше Сабаленка на Ролан Гарос

06.06.2024 Juni Cetvrtok

Мира Андреева стигна до најголемата победа во кариерата, триумфирајќи против Арина Сабаленка во четвртфиналето на Ролан Гарос.

17-годишната Андреева се соочи со втората носителка, која денеска очигледно имаше одредени здравствени проблеми, но успеа да го добие првиот сет со 7:6.

Русинката сепак го возврати ударот во продолжението и добивајќи ги следните два сета со по 6:4, стигна до победа од 2:1 и голем успех со пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот во Париз.

Андреева стана најмлада полуфиналистка на грен-слем уште од Мартина Хингис во 1997 година.

Во следната рунда Русинката ќе се сретне со Џасмин Паолини, која претходно исто така направи изненадување во четвртфиналето против Елена Рибакина.


0 views

Comments


bottom of page