top of page

Тинејџер го уништи херојскиот камбек на Њукасл и донесе драматична победа за Ливерпул (Видео)

25.08.2025 Avgust Ponedelnik

Екипата на Њукасл одигра фантастично второ полувреме против Ливерпул, стигна до израмнување пред своите фанови, но на крајот остана со празни раце (2:3) по голот на гостите постигнат во десеттата минута од судиското надополнување.

Њукасл беше поофанзивен и поконкретен уште од почетокот на натпреварот, пропушти неколку добри шанси и заработи казна на спротивната страна.

Ливерпул без да биде посебно опасен профитираше од прецизниот удар на Гравенберх и во 35. минута имаше предност на незгодното гостување.

Пред крајот на полувремето, Њукасл се најде во потешка ситуација, бидејќи Гордон заработи директен црвен картон по невнимателниот старт над Ван Дајк, а во првата минута од вториот дел Екитике зголеми на 0:2.

Се чинеше дека Њукасл тешко ќе се врати од оваа позиција, но домашните фудбалери покажаа неверојатна самодоверба и мотивираност и со помош на фановите стигнаа до израмнување.

Гимараеш намали во 57. минута, а резервистот Осула предизвика земјотрес на „Ст. Џејмс Парк“ со голот за израмнување во 88. минута.

Сепак, домаќините останаа со празни раце во 100. минута, кога Ливерпул успеа да реализира една одлична акција, а 16-годишниот Рио Енгомуа го совлада Поуп за конечни 2:3.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page