top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тина Тарнер вели дека будизмот ѝ го спасил животот

10.12.2020 Декември Четврток

Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, која говореше за семејното насилство што го претрпе од својот покоен поранешен сопруг Ајк Тарнер, е благодарна што била запознаена со будизмот кога минувала низ особено тешки периоди. „Будизмот ми го спаси животот. Среде моите најтешки времиња, вклучително и семејното насилство, почнав да учам за будистичките принципи“, рече 81-годишната пејачка во интервју за магазинот „Тајмс“. Мегаѕвездата знаела дека е лесно да се побара брз лек, како што е дрога или алкохол, наместо да ја користи својата верба за да ги преброди тешкотиите. „Избрав да гледам навнатре, да го допрам изворот на своето големо јас. Мојот драг пријател Дејвид Боуви, кој целиот свој живот го интересира будизмот, ме нарекуваше феникс, митската птица што се крева од пепелта“.



5 views

Comments


bottom of page