Тиквеш се опорави од Куп дисквалификацијата со минимална победа над Скопје
06.11.2026 Noemvri Petok
Тиквеш остави зад себе неколку непријатни денови во кои беше оставен без шанса да се натпреварува во Купот, натпреварување во кое обезбеди пласман во четвртфиналето на теренот, но го загуби истото на „зелена маса“.
Поради голем административен пропуст, ФФМ одлучи да го казни кавадаречкиот тим со дисквалификацијата од Купот и во четвртфиналето ќе го гледаме Вардар, па откако се стави крај на оваа непријатна епизода, фудбалерите во црвено-бело денеска мораа да истрчаат на теренот.
Новата натпреварувачка рунда беше отворена со натпревар меѓу Тиквеш и Скопје, а премиерниот меч од 13-то коло заврши со минимална победа.
Како голем фаворит за победа, Тиквеш успеа да направи разлика во 26-та минута кога Ренатињо погоди за 1:0, а иако беше рана фаза од мечот, ова се покажа како пресуден момент на средбата.
Тиквеш во второто полувреме постигна уште еден гол, но истиот беше поништен поради офсајд и натпреварот заврши со минимална победа за кавадарчани.







Comments