Тиквеш и Вардар го затворија петтото коло со реми во Кавадарци
31.08.2026 Avgust Ponedelnik
Фудбалерите на Вардар долг период од натпреварот против Тиквеш имаа играч повеќе на теренот, но на крајот успеаја да освојат само бод (1:1) на ова гостување во Кавадарци.
Амбициозните домаќини ги израдуваа домашните фанови уште во 21. минута, кога Камара постигна гол за предност на Тиквеш.
Сепак, само четири минути подоцна Лавал доби директен црвен картон поради намерно удирање противнички играч, по што домаќините се најдоа во потешка ситуација на теренот.
Омерагиќ во 39. минута донесе израмнување за Вардар и резултатски го врати натпреварот на почеток, но гостите не ја искористија бројчаната предност до крајот за целосен пресврт.
За актуелниот шампион ова е прво реми во новата сезона, додека Тиквеш врза два нерешени резултати и има бод повеќе од денешниот противник.







Comments