top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тејлор Свифт сè уште руши рекорди: Ја надмина Барбара Страјсенд

Тејлор Свифт (33) во моментов има повеќе број еден албуми, од која било друга жена-изведувач во историјата на музичката индустрија, по неодамнешното издание на албумот „Speak Now (Taylor’s Version)“, објави американското списание „Билборд“.

Албумот дебитираше на врвот на топ листите на Билборд, со што стана 12-ти албум на младата кралица на поп-музиката и го надмина рекордот на легендарната Барбра Страјсенд, меѓу женските изведувачи.

На листата на машки изведувачи, Џеј Зи и групата „Битлси“, имаат повеќе од дванаесет број еден албуми, иако „Билборд“ наведува дека го променил својот систем за рангирање во текот на оваа деценија, за да вклучи антологии.

Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Инаку, Свифт, стана и првиот жив изведувач во речиси 60 години кој има четири албуми на листата на топ 10-те најдобри во исто време, меѓу нив се албумите „Midnights“, „Lover’“ и „Folklore“.

Меѓу другото, „Билборд“ пренесува дека Свифт стана и првиот жив изведувач кој има 11 албуми на листата на топ 200 албуми во исто време. Нејзиното рекордно достигнување се случува во текот на нејзината турнеја „Eras“, каде што изведува многу од нејзините најголеми хитови.

Серијата закажани концерти на 106 датуми, започна во март и е многу блиску да стане првата турнеја вредна милијарди долари.




1 view

Comentários


bottom of page